Левица: ДУИ предизборно си доделува 320 илјади евра народни пари

Од:

Во јавноста излезе информација дека според Одлука за финансирање на граѓански организации, донесена од страна на Министерството на ГРУБИ, предизборно ќе бидат поделени околу 325 илјади евра народни пари на разни анонимни невладини организации, блиски до ДУИ, тврдат од Левица.

„Во дел од невладините организации кои добиле државни пари, како основачи се јавуваат: Државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ; вработени во Министерството за политички систем раководено од Груби, -поранешен член на ДИК; вработена во општина Струга; советничка за протокол во Владата. Односно, јавните пари завршиле кај партиски послушници на ДУИ, вработени во јавната администрација на централно и локално ниво. Дополнително, за да биде ова крадење на народните пари легално, во огласот за финансиска помош за невладините граѓански организации, намерно е избришан е членот 52 од Законот за спречување корупција – со кој се забранува корисници на финансиски грантови да бидат избрани или именувани лица во јавни институции.

Во ситуација на екстремна сиромаштија, кога над 500 000 граѓани одвај врзуваат крај, кога здравството е пред колапс и државата „не е во можност“ да обезбеди соодветен медицински третман за сите, кога учениците се уште ги немаат добиено потребните учебници, владејачките елити единствено се грижат како меѓусебно да си поделат над 320 илјади евра за фиктивни граѓански организации. Коруптивен тренд кој власта нема намера да го прекине, бидејќи буџетот за 2024 година предвидува цели 19.5 милиони евра да се слеат во „невладиниот сектор“, покрај капитални субвенции. Ја потсетуваме јавноста дека политичката партија Левица се залага за целосна забрана за финансирање на невладини организации со буџетски пари (од владини и општински буџети), како и воведување строга регулација на финансиите на невладините организации, со цел спречување на вакво еклатантно перење на пари преку НВО“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Горан Наумовски

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он

(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а го издигa иредентистот Касами кој јавно негира македонски национални симболи

А1он

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски