Левица: ДПМНЕ и СДСМ заеднички го уништуваат плодното земјиште во Свети Николе за фотоволтаици

Од:

Широката коалиција на ДПМНЕ и СДСМ совршено функционира кога се во прашање бизнис интересите! Ова заеднички го потврдија на последната Седница на Советот за минатата година, кога ја изгласаа „Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Свети Николе за 2024 година“ во која се врши пренамена на обработливото земјоделското земјиште за фотоволтаици, велат од Левица.

„И покрај бројните негодувања на граѓаните, пред се земјоделците, за пренамената на плодно земјиште во земјиште за фотоволтаици, партиите на власт, ДПМНЕ локално и СДСМ на централно ниво, продолжија да ја спроведуваат и уште еднаш покажаа дека воопшто не им е грижа за народот. Во годишниот план изгласаа плодното земјиште во атарот на селата Амзабегово, Горобинци, Пеширово и вон град Свети Николе на парцелите: КП 316, КП 317, КП 318, КП 319, КП 320, КП 321, КП 322, КП 323, КП 324 и КП 325, КП 1271, КП866/1, 866/2, 866/3 да се претвори во фотоволтаици.

Единствениот глас против овој „план“ беше од советникот на Левица, која како партија принципелно е против распродавањето на плодното земјоделско земјиште, за фотоволтаични панели, на буржоазијата во полет, која е на штета на земјоделците, кои со својата работа, од сите останати гранки најмногу допринесуваат за Буџетот на Општината. Потсетуваме дека од оваа пренамена, ниту граѓаните, ниту земјоделците, па ниту буџетот на Општината ќе добие некаква корист, наспротив штетата која се прави на сите кои живеат овде – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита