Левица: ДПМНЕ го отвори судството како пупка – втор случај на осудени членови на нашата партија

Од:

Деновиве пристигна уште една пресуда на вмровското режимско судство, каде советници на Левица експедитивно се прогласени за виновни за клевета! Минатата година, Левица објави шокантни податоци за расфрлање со народни пари на угостителски услуги во општина Битола, податоци кои се јавно достапни. Во духот на вмровскиот режим, кој функционира само со закани и заплашувања, против советниците на Левица во општина Битола, Горан Велевски и Гаврил Трајковски, беше поднесена тужба за клевета од заменик-градоначалникот Бојан Бојкоски, велат од Левица.

„Првично, судијата Александар Илиевски при Основен суд Битола донесе пресуда со кој скандалозно ги прогласи за виновни советниците на Левица. За неговиот вазален однос кон власта, истиот беше награден со унапредување во апелационен судија. Откако правниот тим на Левица ја обжали оваа пресуда, деновиве и Апелациониот суд во Битола ја потврди пресудата во корист на заменик-градоначалникот на општина Битола!.

Апелационите судии кои ја донесоа оваа пресуда – Жаклина Доведен, Дејан Крстанов и Ристо Сотиров – своето унапредување го добија на 22 јануари оваа година, односно директно под власта на ДПМНЕ. Познатиот режимски метод на судии од тефтерчињата, партијата на Мицкоски започна да го применува одвај една година после доаѓањето на власт.

Додека граѓани чекаат со години заглавени низ судските лавиринти, очигледно судиите се експедитивни само кога треба да спроведат политичка нарачка од власта. Дали ова е уште еден доказ дека ДПМНЕ си поставува свои кадри во судството за политичка одмазда?

Народот нема доверба во судството – не поради статистика, туку поради реалноста! Пресуди по нарачка, унапредувања по партиска линија, судии што слугуваат – наместо да судат! Ова не е правда. Ова е политички прогон под маската на „владеење на правото“. Ова не е независно судство. Ова е инструмент за замолчување и одмазда“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали