Левица: ДПМНЕ гласаше против Законот за бранители да се одблокира

Од:

На денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, мнозинството на ДПМНЕ гласаше против да се одблокира Законот за бранители, тврдат од Левица.

„Имено, за дополнување на дневниот ред беше предложено да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, затоа што истиот не го става т.н. Закон за бранители на дневен ред и дефакто го блокира овој закон. Членовите на Комисијата од ДПМНЕ гласаа против барањето да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, со што свесно и намерно учествувааат во блокирањето на Законот за бранителите.

Со ваквото скандалозно гласање, се потврди дека ДПМНЕ во директна координација со Гаши го блокираат Законот за бранителите и повторно ги оставија на цедило припадниците на безбедносните сили. Додека премиерот Мицкоски има апсолутно мнозинство за конечно да го реши статусот на бранители, очигледно е дека со апсолутно мнозинство од 64 пратеници Мицкоски коленичи пред блокадите на Вреди“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна