Левица: До каде е Трудов инспекторат со работникот кој животот го изгуби на градилиште?

Од:

Минатата недела, уште еден работник беше жртва на градилиште при работа во необезбедени услови. До Левица стигнаа информации дека на градилиште на ул. „Пиринска”, каде инвеститор е фирмата ,,БИ-СИ”, работник додека го управувал багерот истиот се превртил што било фатално за работникот. Согласно законските обврски, работодавецот е должен во рок од 48 часа да ја пријави незгодата, се вели во реакцијата на Левица.

-Јавно го прашуваме Трудовиот инспекторат до каде е со истрагата и веднаш да објави во јавноста за резултатите од истата. Ова е еден од многу случаи за кои јавноста нè алармира, а се случуваат секојдневно на градилиштата. Работниците освен што работат без заснован работен однос, исто така работат и во тешки услови изложени на лоши временски услови без притоа да бидат осигурани. Иако се бележи раст на вакви трагедии на работно место, сепак нема информации дека било кој сопственик на компанија бил ригорозно санкциониран. Неказнивоста на компаниите само ги зголемува изгубените животи на работниците на работно место, каде животот на работникот е безвреден во трката за профит – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он