Левица: Директорот од ЗНАМ Мемов молчи за криминалите во ПИОМ

Од:

Додека ПИОМ тоне во долгови и во јавноста се зборува за зголемување на старосната граница за пензионирање, директорот Никола Мемов продолжува да молчи за криминалите во ПИОМ.

Ревизорските извештаи покажаа скандалозно работење за време на претходниот директор, Дритан Беџити, инаку кадар на партијата на Африм Гаши. Иако противзаконски се прогласил за директор на ПИОМ без согласност од Влада, тоа не го спречило Дритан Беџити ниту противзаконски да исплаќа награди на вработените без никаков критериум.

Со иплаќањето награди за партиските кадри, преку 206 лица противзаконски оствариле материјална корист, доделени од директорот на Африм Гаши, наведуваат од Левица.

Колективниот договор содржи одредби под кои услови може да се доделат награди за вработените, но во Фондот за ПИОМ нема интерни акти кои регулираат ова. Извештајот на ДЗР потврдува исплаќање на награди за вработените без никаков критериум. Направената буџетска штета од договорите за дело е над 22 илјади евра, додека буџетската штета од исплаќањето на награди се уште точно не е определена. Висината на наградите е помеѓу 3000 и 12000 денари по вработен.

Буџетска штета на Фондот е направена и преку набавка на ИТ опрема, од која дел воопшто не била функционална, незаконски се исплаќале награди за вработените, а недомаќински се стопанисувало и со домовите за стари лица. Огромни средства од Фондот се исплаќани и за пречекорување на дозволените лимити на службените мобилни телефони, неповратни средства од Фондот наплаќале и извршителите, како и бил склучен договор за закуп во времетраење од 20 години со сопствената сестра.

За злоупотреба на службената положба и овластување, казниво по член 353 од Кривичниот законик, кривична пријава е поднесена уште минатата година, но засега нема никакви резултати. Јавно го прашуваме актуелниот директор на ПИОМ од редовите на ЗНАМ – Никола Мемов: дали непроцесуирањето и неказнувањето на кривичните дела (кои ги посочува извештајот на ДЗР) е поради лична заштита на неговиот претходник, којшто е кадар на политичка партија со која тие се во коалиција, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица побара породилното отсуство да трае 12 месеци, власта го одби барањето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Исмаил: Состојбата е ужасна, 4.000 деца чекаат за упис во градинки во Скопје, во групите има по 40 деца со една негувателка

Лукас се враќа во Скопје: Парите ќе ги донираме на семејствата во Кочани, Владата да не се секира сите документи ќе ги носиме, па и тоалетна хартија

Предраг Петровиќ