Левица: Директорката која носеше ученици во Бугарија не е разрешена

Од:

Откако се констатирани редица неправилности и повреди на законските одредби во работата на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, МОН му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Коњановски. Претходно беа разрешени членовите на училишниот одбор, но не и ВД директорката Жанета Сорвини која веќе втора година го изигрува Законот за средно образование, директорувајќи со училиштето без да ги има соодветните квалификации. Потсетуваме дека Сервини беше дел од скандалот кога ученици од ова училиште, беа објавени од бугарска фондација како “истомисленици на Михајлов”, се вели во соопштението од Левица.

„Од моментот на разрешување на членовите од страна на Советот на општина Битола и именувањето нови (објавено во Службен гласник на 4.9.2023 година) директорката повеќе месеци соработувала со нелегитимен училишен одбор, бидејќи во истиот продолжиле да учествуваат разрешените членови, додека таа ги чувала решенијата за разрешување, односно именување нови членови во фиока! Непочитување на Законот за средно образование беше причина општина Битола да ги изгуби надлежностите врз техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, но тоа не ја спречи вршителката на должност Жанета Сорвини, со амин на градоначалникот Коњановски, да продолжи со самоволие. Деновиве, откако се одземени надлежностите од општина Битола, пуштен е оглас за директор на училиштето, иако истиот училиштето било должно да го распише уште пред една и пол година.

Решението за одземање на ингеренциите е постаро отколку решението на Коњановски, со кое тој дал согласност за отпочнување постапка за избор на директор- решение какво што требал да издаде пред повеќе од една година, а какво сега нема право да издаде. Кој е потписник на документите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ периодов?! ДПМНЕ место да ја прозиваат Левица Битола дека одработува за СДС, со цел на таков начин да го свртат вниманието од незаконитоста во работата на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, да излезат и да објаснат од каде им е дрската ноншалантност? Дали од фактот што се потпираат на добрите релации со ДУИ кои во моментот се на чело и на Државниот просветен инспекторат и на МОН? Левица поднесе претставка до ДПИ за незаконско работење на Училишниот одбор при СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и незаконски донесена одлука за распишување оглас за директор“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он

(ВИДЕО) Богевски: Мециновиќ влегува во вториот круг, исклучително сме задоволни од резултатите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а го издигa иредентистот Касами кој јавно негира македонски национални симболи

А1он

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!