Левица: Дехари живее во стан кој не го пријавил изграден од компанија-донатор на ДУИ

Од:

Не престануваат скандалите за функционерите на ДУИ и компаниите блиски до нив. Имено, во медиумите излезе информација дека градоначалникот Фатмир Дехари живее во непријавен стан, сопственост на градежната компанија „АС Сењак“ и бизнисменот Селаудин Арифи. Фактички, градоначалникот на Кичево живее во стан, кој е во сопственост на компанијата „АС Сењак“. Оваа контроверзна компанија е една од омилените бизнис-партнери на Дехари, па истата е во топ пет фирми кои добиле најмногу тендери од општината, велат од Левица.

„Како ова да не е доволно, токму бизнисменот Арифи е во сватовски врски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Додека и Македонците и Албанците во Кичево масовно се иселуваат, очигледно компаниите на роднините на Ахмети го зголемуваат своето богатство. Изминатиот период, сватот на Ахмети, Селаудин Арифи, стана и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.

Катастрофалната состојба во Кичево најдобро го отсликува неказнетото владеење на иредентистите од ДУИ. Додека Ахмети заговара дека Албанците конечно ги добиле своите права, реалноста е дека обичниот Албанец живее во беда и сиромаштија, како и обичниот Македонец. Жителите во Кичево се принудени да се лечат во болница стара над 30 години, додека фамилијата на Ахмети добива милионски тендери. Јасно е дека единствените кои живеат подобро од владеењето на ДУИ се Ахмети и Груби и нивните фамилијарни компании“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он