Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки

Од:

Согласно Акцискиот план на Институтот за јавно здравје (2025–2030), при надминување на граничните вредности на температурите од 39°C во јули (за скопскиот регион), се активира црвена фаза – состојба која бара итни и засилени мерки за заштита на населението, велат од Левица.

„Во овој момент, согласно официјалните прогнози на УХМР, температурите низ државата достигнуваат и надминуваат 40°C – што значи дека Македонија е во црвена фаза, дефинирана како своевидна вонредна состојба. Во такви услови, несериозно и крајно неодговорно е институциите да излегуваат со неефикасни, незадолжителни препораки, наместо со обврзувачки мерки кои би ги заштитиле граѓаните, особено најранливите категории.

Министерството за здравство и Владата ја минимизираат реалната закана по животот и здравјето на граѓаните, додека медицинските служби и Брзата помош се веќе преоптоварени. Дополнително, давање препораки до приватните работодавачи во контекст на македонските услови, каде работничките права се грубо прекршувани, е недоволно и апсолутно неефективно.

Левица бара итна и конкретна акција од министерот за здравство Азир Алиу и Владата:

– Да се донесат задолжителни мерки за ослободување од работни обврски на ранливите категории, лица над 60 години, хронично болните од кардио-васкуларни и респираторни заболувања, онколошките пациенти, лицата со дијабет, трудниците и сл. неселективно, односно независно од секторот, работата која ја обавуваат;

– Да се забрани работа на отворено во критичните часови (11:00 – 17:00);

– Да се активираат сите мерки од постоечкиот акциски план на ИЈЗ;

– Да се ангажираат и мобилизираат локалните самоуправи и Црвениот крст за згрижување на бездомници и обезбедување на јавни простори за ладење;

– Да се засилат контролните механизми и да се санкционираат работодавците кои ги игнорираат мерките.

Ниту еден човечки живот не смее да биде ставен на коцка поради нечија неспособност, незаинтересираност или бирократска летаргија. Неодговорноста на институциите во ваква состојба е повеќе од пропуст – таа е опасна и потенцијално кобна. Бараме веднаш да се прекине со игнорирањето на реалноста и да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица