Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Од:
Македонските граѓани имаа можност да проследат уште една повреда на елементарното достоинство во рамките на посетата на Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Република Македонија. На заедничката прес-конференција со Мицкоски, таа првично ја пофали Македонија за “пожртвуваноста“ околу склучувањето на Преспанскиот договор што резултирало со зачленувањето во НАТО-пактот, како и за учеството во Коалицијата на волните за помош на Украина, коишто се впрочем, работи неповрзани со самиот процес на пристапување кон Европската унија!
Мицкоски, кој власта ја освои со ветување за враќање на уставното име, немаше никаков проблем со упатените “хвалоспеви“, реагираат од Левица.

„Лицемерот Мицкоски кој на 14 јули 2022 протестираше пред Собранието на Република Македонија за време на говорот на Урсула фон дер Лајен која го претставуваше францускиот предлог, сега најавува билатерални состаноци со бугарската страна со цел “деблокада на процесот на евроинтеграции“. Јасно е дека најавените состаноци предвидуваат разговори околу уставни измени со цел внесување на Бугарите во него.

Владата предводена од ДПМНЕ не се осмели ниту да протестира што Молдавија и Украина како земји со нецелосно остварен територијален интегритет се наоѓаат на приоритетната листа за проширување на ЕУ заедно со Црна Гора и Албанија, а непрестано се говори за доистоинство, заемно почитување и фер-третман.

Насетувајќи ја намерата на Мицкоски, најавуваме дека со сите расположливи механизми ќе се бориме против овој акт на велепредавство во режија на лажните патриоти од ДПМНЕ. Предупредуваме дека внесувањето на Бугарите во македонскиот устав нема да доведе до членство во Европската унија, како што тоа беше случај и при промената на уставното име. Така ќе биде сѐ додека во име на македонските граѓани се договараат бизнисмени и корумпирани политичари – луѓе без елементарно разбирање за потребите на сопствениот народ.

Македонските граѓани заслужуваат почит и рамноправност, а не уцени спакувани во дипломатски пофалби. Достоинството и правото на самоопределување што ги бараме за сите народи без исклучок, ги бараме и за сопствениот. Никој нема мандат да тргува со нив во замена за ветувања чија цена расте со секоја нова отстапка. Левица ќе се спротивстави на секое такво пазарење и заедно со граѓаните ќе го брани правото за иднината на Македонија да одлучува народот, наместо таа да се договара зад неговиот грб“, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он