Левица: Бројот на ученици се намалува – бројот на вработени во образовните институции се зголемува

Од:

За една деценија, бројот на првооделенчиња во Македонија е преполовен – ова е само реалната слика за тоа каква политика водат владејачките ДПМНЕ и СДС повеќе од 30 години, но и за тоа во која насока се движи државата и каква иднина нè очекува. Неславниот тренд на иселување, пред сè, заради економски причини како главен фактор, но и многу други, го принудува образовниот систем да претрпи реформа, која соодветствува на реалните прилики, велат од Левица.

„За жал, и покрај најавата за оптимизација од министерката Весна Јаневска, редуцирање на смените и намалување на бројот на училиштата, владејачките партии, сепак, целиов изминат период, донесуваа одлуки, токму спротивни на ова. Имено, наместо работа на системска реформа, согласно демографските прилики и реалните потреби, во општинските совети, ДПМНЕ со своите коалициски партнери, секаде гласаше ЗА намалување на бројот на ученици во паралелките, по што огромен број на училишни паралелки се составени со помалку од десет или помалку, па дури и со помалку од пет ученици. Паралелно со оваа, се гласаа и програми за продолжување на работното време на училиштата, што некаде и отвори потреба за нови вработувања или времени ангажирања на наставни кадри.

Оттука, наместо ветената оптимизација, граѓаните уште по едно прашање останаа излажани од Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ и напротив – наместо спроведување на истата и кратење на излишните трошоци, тие се обидуваат да задржат „статус кво“ и се обидуваат образовниот систем да остане центар за прибирање и валоризација на партиските активисти од сопствените редови. Левица бара етички одговорно и рационално однесување на државата кон образовниот систем и итно отпочнување за правење национална стратегија со вклученост на сите инволвирани страни и експертска јавност! Државниот апарат мора да покаже капацитет за суштинско решавање на проблемите таложени изминативе децении во образовниот систен. Во спротивно, ништо нема да го спречи трендот на иселување на младите, којшто е директна последица од ставањето на партискиот пред општествениот интерес“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Никодиновска: Пред избори едно,после избори полошо, со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

​​​​​Левица: Министерката Јаневска нема решение за превозот на студентите

Левица до Собранието поднесе декларација за признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Левица: Со ископот на мермер за Бехтел и Енка се загрозува населението и природата