Левица: Без предупредување и со дрско однесување правеа претрес на кампот пред Собранието

Од:

Безбедносните структури утрово, околу 6 часот, упаднаа во кампот пред Собранието на Република Македонија, каде што кампуваат активисти на Левица, а воедно голем дел од нив се членови на Црвена младина, велат од политичката партија Левица.

„Без никакво предупредување и со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите, кои мирно и достоинство кампуваат од синоќа.

Истовремено, бевме сведоци како истите структури пред неколку дена дозволија вперување на пиштоли кон граѓаните кои мирно протестираа, каде целосно изостана нивната реакција.

Неуспешни се сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните“, стои во нивното соопштение до јавноста.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он