Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Од:

Станува јасно дека Мицкоски ги злоупотребува општините кои тонат во долгови само за богатење на неговото семејство и најблиски пријатели. Имено, за Левица е скандалозно што еден од првите тендери на општина Струмица завршува токму кај фирмата на баџанакот на премиерот. Еден од првите тендери после промената на власта во Струмица го доби ,,Шалом – Фуд Груп“, компанија во сопственост на Јорданчо Јанев, инаку баџанак на Христијан Мицкоски, велат од Левица.

– Левица и претходно има реагирано дека токму Јорданчо Јанев се јавува како донатор на ДПМНЕ со сума од 20.000 евра. Контроверзно е што баџанакот на Мицкоски поседува и фирми кои остваруваат милионски профити во бугарскиот град Петрич. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно претходно се обвинуваа дека овој мал бугарски град е омилена дестинација за нивните фирми.

Дали преку бугарски фирми во сопственост на фамилијата на премиерот се изнесуваат криминално заработени пари? Дали партијата на Мицкоски се финансира со парите од граѓаните, преку тендери кои завршуваат кај неговиот баџанак – донатор?

За фамилијарните бизниси на премиерот одговор треба да дадат институциите и јавното обвинителство. Очигледно и новата ВД јавна обвинителка која е тесно поврзана со ВМРО-ДПМНЕ е поставена единствено со цел за да нема одговорност за криминалот на оваа гарнитура на власт, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски