Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

Од:

Левица обелоденува сериозни индиции за криминал и непостапување на низа државни институции, каде се узурпира државен имот и незаконски се наплаќаат пари, кои завршуваат во приватни џебови. Се работи за Автокамп „Крани” (Ресен), кој согласно увидот во катастарски документи, е лоциран на земјиште во сопственост на Р. Македонија, велат од Левица.

„Овој автокамп никаде формално-правно не постои, затоа што за овој субјект никогаш не е поднесено Барање за формирање автокамп, согласно Законот за автокампови, кој датира од 2013 година. За еден автокамп да може да функционира и да наплаќа закуп, истиот мора да е соодветно категоризиран и да е евидентиран во Регистарот на категоризирани автокампови.

Но, за автокампот „Крани” никогаш не е поднесено барање, со цел истиот да добие дозвола за работа. Иако, за ваквите сериозни незаконитости запознаени се и Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, истите не постапуваат! Очигледно, ниту трагедијата со дивоградбата ,,Пулс”, која со години работела незаконски, не е доволна за власта и институциите да почнат професионално да ја вршат својата работа и да стават крај на ваквото безаконие и самоволие на поединци.

Скандалозно е што државен имот е узурпиран од страна на компанијата „Агроплод ДООЕЛ Ресен”, на која уште во 2004 година ѝ е одземено правото на користење на овој имот. Но, сепак, оваа компанија (очигледно заштитена од локални моќници) незаконски и узурпаторски стопанисуваат со државниот имот и го реиздаваат на трети лица, со што противзаконски се оштетени и државата и граѓаните од кои се наплаќа закуп.

Зошто градоначалникот на Ресен – Јован Тозиевски молчи пред сериозниот криминал кој се случува на територија на неговата општина?! Зошто директорот на Државниот пазарен инспекторат – Влатко Стојкоски одбива да утврди дека овој автокамп нема дозвола за работа?! Ќе потсетиме дека и за трагедијата со дискотеката на смртта, одговорноста за нејзиното работење без лиценца беше токму во рацете на Пазарниот инспекторат, но против директорот Стојкоски не е поведена никаква одговорност за неговото непостапување. Овој автокамп-дивоградба не ги исполнува ниту основните услови за противпожарна заштита и истиот непречено функционира.

Левица јавно ја прашува власта: колку трагедии треба да се случат за вашите институции конечно да почнат професионално да работат и да заврши штитењето на локални моќници, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но владата на ДПМНЕ го предложи и стана претседател на одборот на директори во Телеком

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Левица: Вмровската инспекторка која ја одбрани фалш дипломата на Христовски сега штити сдсмовски кадри

Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош