Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Од:

Во рамки на посетата во Москва, делегацијата на Левица заедно со бројните делегации од останатите земји, беше дел од свеченостите организирани од страна на КПРФ.

После говорот на Претседателот Апасиев во Паркот на победата, беше посетен главниот митинг кај споменикот на Карл Маркс (пред театарот Баљшој), по што делегациите се упатија и положија цвеќе кај споменикот на ,,Непознатиот војник” и Вечниот пламен, кај ѕидините на Кремљ.

Свеченостите беа завршени со работна средба на делегацијата на Левица и Потпретседателот на КПРФ – пратеникот Казбек Куцукович Тајсаев, во канцелариите на Руската Дума.

На пријателската средба, која помина во срдечна атмосфера, се разговараше за досегашната соработка меѓу двете партии, беа опфатени актуелните теми кои ја задираат европската и регионалната политика, како и за можностите двете партии да допринесат во развојот на соработката помеѓу младите на Македонија и на Русија.

На покана на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Претседателот Апасиев заедно со лидерите на идеолошки блиските партии утре ќе присуствува на Парадата на победата организирана по повод 80 години од Големата победа над фашизмот, информираат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва