Левица: Анти-македонската концепција на Царовска продолжува да се реализира

Од:

Погубната Концепција за основно образование на Царовска, која беше најавена кон крајот на 2020 година, се реализира со жестоко темпо. Она на што уште од почеток како политичка партија предупредувавме беше дека оваа т.н Концепција нема ниту намера, ниту потенцијал да го подобри системот на образование веќе е сė поочигледно велат од Левица.

– Вистинската намера е перфидно разнебитување на руинираниот образовен систем и, што е најлошо – бришење на историјата, континуитетот и идентитетот на македонскиот народ. Веќе се бришат содржините кои се однесуваат на Историјата на македонскиот јазик од електронските изданија на учебниците (пр. од учебникот за седмо одделение), а во шесто одделение се воведува хибридниот предмет Историја и општество, каде во истиот неделен фонд на часови се вметнуваат содржини од Географија и Граѓанско образование. Односно, во услови кога официјална Софија усвојува Резолуции со кои македонскиот јазик се сведува на дијалект на бугарскиот јазик, пробугарските СДС и ДУИ самоиницијативно го бришат предметот Историја на македонскиот јазик од наставната програма, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он