Левица: Амбасадорите на Бујар Османи работат против националните интереси на Македонија и покажуваат базична неписменост

Од:

Македонската дипломатија, предводена од СДС и ДПМНЕ изминатите три децении, иако поради партизираноста ја следат бројни примери на прекршување на дипломатското однесување и компромитирање на имиџот на нашата држава, отсекогаш ги почитувала најстрогите правила на дипломатската служба. Но, по поставувањето на Бујар Османи на чело на македонската дипломатија, евидентно е целосното деградирање на професионалноста на македонските амбасади и нивната незаинтересираност да ги штитат интересите на Републиката и Македонците ширум светот, се вели во партиското соопштение од Левица.

– Надворешната политика на квинслиншката влада на СДС-ДУИ, чија главна каратектиристика е сервилноста и работењето против националните интереси, сега ја спроведуваат целосно несоодветни кадри без базични познавања на законите на Република Македонија и кои се одликуваат со антимакедонски чувства. После скандалот на конзулот во Чикаго Петрит МУСЛИУ, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу, кој во својата служба покажувал ароганција и агресија кон Македонците, се додава нов скандалозен, досега најподол и крајно срамен чин на антидржавност кој може да го направи еден амбасадор.

Имено, Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел МЕМЕДИ, се дрзнал своеглаво, со официјална нота да ги извести италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 година се неважечки?! Со ова, овој кадар на антимакедонската ДУИ прекршува бројни закони и покажува базична неписменост, со оглед дека единствено Министерството за внатрешни работи има надлежност да прогласи одредени патни исправи за неважечки, но и ги загрозува интересите на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија. #Лeвица бара итно отповикување на овие два партиски кадри кои работат контра интересите на македонските државјани и го загрозуваат нивното основно чoвеково право на слобода на движење! Левица се залага за целосно професионализација и департизација на дипломатијата, и на усмерување на надворешната политика во насока на целосна заштита на националните интереси на Македонија, а не на вазалство и потчинетост! Претседателскиот кандидат на Левица, проф д-р Билјана Ванковска, веќе истакна дека таа, од позиција на претседател на Републиката, веднаш би ги отповикала конзулот Муслиу и амбасадорот Мемеди. Поддршката за Левица и нејзиниот претседателски кандидат значат крај на овие антидржавни политики и браќање на достоинството на државата и македонскиот народ – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ најавува европски модел за преработка на отпад во Скопје

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Антивладините гласови се со Левица, левиот гласачки спектар се обединува околу нас

(ВИДЕО) Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Горан Наумовски

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он