Лекот clopidogrel на позитивната листа на ФЗОМ, олеснето пропишувањето на levothyroxine

Од:

Од 1 ноември позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се проширува со нов лек clopidogrel, за кардиоваскуларни заболувања, што е големо олеснување за 20.000 осигуреници со тешки срцеви заболувања. Оваа новина претставува заштеда за нивниот буџет од 57 милиони денари, товар што ќе го преземе Фондот.

Од 1 ноември се олеснува и третманот на пациентите со хипотиреоза во делот на полесно добивање на нивната доживотна супституциона терапија и во делот на следење на нивната здравствена состојба. Се олеснува режимот на пропишување на лекот levothyroxine од листата на товар на Фондот, со што се намалуваат трошоците на осигурениците, посетите и оптовареноста на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и трошоците од непотребни специјалистички или субспецијалистички прегледи кои паѓаат на товар на Фондот.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова, која рече дека новиот владин проект за постепено воведување нови лекови на позитивната листа на лекови на товар на Фондот преточен во детален акциски план презентиран од страна на Фондот веќе почнува да се реализира.

– Осигурениците досега лекот clopidogrel, го купуваа приватно, а сега тоа може да го направат со рецепт во која било аптека која има договор со Фондот. Таа посочи дека за таа генерика во моментот постојат 10 фармацевтски производители во Македонија, што обезбедува и добра конкуренција на пазарот, рече Парнарџиева Змејкова.

На позитивната листа, појасни директорката на ФЗОМ, се воведени и медицински индикации за кои се однесува овој лек, а ќе бидат на товар на Фондот, како и начинот на издавање на лекот на пациентите.

– Кардиолог или интернист може да го препорачува лекот на пациенти со инфаркт на срце, со акутен коронарен синдром и со акутен инфаркт на срце подобни за терапија со тромболитици. Нервролози и невропсихијатри може да го препорачаат лекот на пациенти со исхемичен мозочен удар. Торакален, васкуларен, кардиоваскуларен хирург по извршена хирушка интервенција ќе може да го препорачаат лекот за пациенти со болести на срце и стеснување на артерии во вратот и атеросклероза. Исто така, точно е дефинирано времето на користење на овој лек за секој вид заболувања на товар на Фондот, рече Парнарџиева Змејкова.

Таа појасни дека 10.000 осигуреници од Македонија кои имаат заболување на тироидната жлезда – хипотиреоза и се упатуваат на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина секоја година само за да направат лабораториско испитување и потврдување на веќе добиената терапија, од 1 ноември ќе можат таа услуга да ја добијат кај матичен лекар.

– Матичните лекари од 1 ноември можат директно да ги упатуваат пациентите на биохемиско – лабораториско испитување за TSH во која било лабораторија која има договор со Фондот. Доколку резултатите се во рамки на нормалните вредности, матичниот лекар продолжува да ја пропишува истата терапија на  levothyroxine веќе претходно утврдена од Институтот за цела година, додаде Парнарџиева Змејкова.

Би можело да ве интересира

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата

Девет нови лекови на позитивната листа

Горан Наумовски