Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во охридската болница

Од:

Лекарската комора соопшти дека нејзиниот Извршен одбор и Комисијата за етички и правни прашања вчера на вонредна седница расправале за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од село Татеши Струга со симптоми на Ковид – 19, која побарала здравствени услуги.

Во денешното соопштение Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи, како што се наведува, во конкретниот случај тие постапиле несоодветно и несовесно со што го нарушиле угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи, чесност и неопходна преданост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија.

Согласно етичките принципи, нагласуваат од Лекарската комора, докторот е обврзан да укажува медицинска помош и да ја покаже својата хуманост на секој пациент кој ќе се обрати за лекарска помош до стручни лица.

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора согласно законските прописи и подзаконските акти, донесоа одлука со која се осудува постапката на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид за неукажување на медицинска помош на пациент со симптоми на Ковод – 19 кој се обратил за медицинска помош и покренаа иницијатива за поведување на постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија, стои во соопштението.

Согласно со современите доктринарни начела за работа во вонредни услови здравствениот персонал особено докторите имаат посебна положба, но и одговорност, посочуваат од Комората и апелираат до докторите на медицина и до сите здравствени работници, да се однесуваат како што доликува на докторската професија професионално, одговорно и разумно.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов