Лекарската комора го осуди инцидентот во ГОБ „8 Септември“

Од:

Лекарската комора на Република Северна Македонија преку соопштение најостро го осуди најновиот инцидент во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје во кој, вчера во вечерните часови, роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани кон докторката.

Комората, се посочува во соопштението, има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно се декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал, дотолку повеќе што медицинарите секојдневно, во услови на пандемија, се борат за животот на пациентите.

-Сведоци сме дека во изминатите пет месеци докторите и севкупниот здравствен персонал се бореа за секој човечки живот и затоа Комората го осудува секое непочитување на нивната работа, труд, жртва и ризик со кој се изложуваат на највисоко ниво во пружањето на услугите. Пациентите треба да имаат предвид дека здравствениот персонал безрезервно и максимално се вложува за нивното здравје, за сметка на своите семејства. Затоа сметаме дека тие заслужуваат само поддршка, а не закани. Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува од сите инволвирани, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on