Лекарска комора: Нападнат здравствен работник од Пулмологија, граѓаните да престанат да се пресметуваат со медицинарите

Од:

Во врска со зачестените напади врз здравствените работници и соработници, а меѓу нив и овој денешниот, во којшто физички е нападнат здравствен работник од Клиниката за пулмологија, Лекарската комора на Република Северна Македонија бара ваквото однесување на граѓаните да престане, се вели во нивното соопштение испратено до медиумите.

„Се обраќаме до јавноста со најостра осуда за постапките на оние кои своите проблеми се обидуваат да ги решат со агресија. Почитувани сограѓани, здравствените работници несебично се вложуваат во борбата против пандемијата, а воедно тие самите, сакајќи да направат максимум за вашето здравје стануваат најизложени на вирусот коишто не загрозува сите нас.

Почитувани граѓани, медицинскиот персонал се наши пријатели, роднини и блиски, тие и вие сте исто во оваа глобална битка против пандемијата. Лекарската комора истапува со барање до своите сограѓани да им помогнат на здравствените да ја вршат својата здравствена дејност, а со своето коректно однесување и применување на мерките за заштита од
пандемија да дадат уште поголем учинок во здравствениот сегмент во овие критични времиња.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада