Лекарска комора: Најостра осуда за инцидентот во кој беше прегазен лекар и највисока санкција за сторителот

Од:

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој на булеварот „Водњанска“, додека го напуштал работното место, бил прегазен од автомобил.

„Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран“, се наведува во соопштението на лекарската комора од каде изразуваат надеж за позитивен исход од лекувањето на колегата, за кој велат дека е исклучителен професионалец.

Од МВР, претходно објавија дека возачот бил 16-годишник од скопското село Сингелиќ кој управувал „бмв х6“.

Од лекарската комора посочуваат дека овој случај покажува оти не е потребно подигање на безбедносните стандарди само во здравствените установи, туку и во нивната непосредна околина, каде покрај здравствените работници се движат и лица кои поради здравствената состојба имаат потешкотии во движењето, како и инвалидизирани лица.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва