Лекарска комора: Најостра осуда за говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури

Од:

„Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата. Во таа борба лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот“, соопштува Лекарската комора.

„Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот. Во пандемиски услови докторите не се семоќни, а за да може да се даде најдобар одговор и да се зачуваат човечките животи треба секоја единка и целото општество заедно да работи на истата цел.

Од самиот почеток на пандемијата, за жал, одредени структури водени од нејасни цели го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена за заштитни мерки, како носење на заштитни маски и одржување на дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени. Со интензивирање на процесот на вакцинација се пристапи и кон сатанизирање на вакцините, ширење лажни и неточни информации поврзани со нивното дејство со што повторно се нанесува непоправлива штета која се плаќа со човечки животи. Сега се оди чекор понатаму и се напаѓаат докторите директно.

Со цел заштита на честа и угледот на лекарската професија, како и нејзиниот несебичен и пожртвуван придонес во справување со пандемијата, Лекарската комора најостро го осудува говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури, бара итно да престане и предупредува дека тоа е кривично дело за кое во Кривичниот законик се предвидени и затворски казни. Исто така, истакнуваме дека доколку активностите продолжат ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции“, се наведува во соопштението на Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов