А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лекарска комора: Индивидуалните, неаргументирани тврдења за Ковид-19 на доктори го девалвираат трудот на оние вклучени во лекувањето

by А1он25/09/2020 - 10:4225/09/2020 - 14:39457
Share0

Лекарската комора преку соопштение најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чии ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со Ковид пациенти.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со ова целосно, посочуваат од Лекарската комора, се девалвира трудот на докторите кои се вклучени во лекувањето на заболените со Ковид-19.

Индивидуалните, неаргументирани тврдења за Ковид-19 на доктори и здравствените работници населението може да ги сфати сериозно, а со употребата на термини како „грешки во лекување” се нанесува директна штета на угледот на целата лекарска фела и се создава страв и недоверба кај граѓаните во здравствениот систем и здравствените работници. Ваквите ставови можат да влијаат врз одлуката на пациентите да не побараат медицинска помош и со тоа директно да го загрозат своето здравје, но и да поттикнат вербални и физички напади врз здравствените работници, потенцираат од Лекарската комора.

Од Лекарската комора апелираат до докторите и здравствените работници кои настапуваат во јавност, тоа да го прават со сериозен и стручен пристап, со точни информации и научни доктрини, аргументирани и поткрепени со докази.

Следете a1on на Youtube YouTube

Докторите и здравствените работници не смеат да заборават дека нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец треба да даде придонес и поддршка на своите колеги кои работат со пациентите со Ковид -19. Голем број здравствени работници дури и доброволно се вклучија во борбата со Ковид -19 и сé уште се во жариштата на епидемијата во земјава, а борбата со вирусот и натаму ни претстои, до пронаоѓање на вакцина или лек, истакнуваат од Лекарската комора и се заблагодаруваат на ангажманот и пожртвуваноста на докторите и другите здравствени работници кои во време на глобална пандемија даваат придонес во лекувањето на болните од Ковид – 19.

Тие постојано се на првата линија на фронтот со вирусот, изложени на ризик по сопственото здравје, но и здравјето на своите најблиски. Дополнително, потсетуваме дека секој кој има сознанија дека во некоја здравствена установа не се постапува согласно протоколите за лекување, согласно етичките начела и доктрини, може да поднесе пријава до Лекарската комора, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и сите останати надлежни институции, стои во соопштението од Лекарската комора.

koronavirus mkdlekarska komora

Би можело да ве интересира

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 13:24

Лекарска комора со морална осуда за докторот со кокаинот, за други постапки ќе ги чека извешатите од стучните комиции

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 13:3416/10/2025 - 13:34

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски18/10/2024 - 13:0318/10/2024 - 14:26

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Предраг Петровиќ26/09/2024 - 15:46

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео