Лекарска комора: имињата на лекарите се загарантирано безбедни, конечниот став за родилката од Дебар ќе го донесе министерот

Од:

Лекарската комора не ги соопштува имињата на лекарите, кои направиле стручен надзор за случајот на родилката од Дебар, која, по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајчник и матка оти нивната безбедност е гарантирана, за да не им се вршат притисоци. Претседателката на Комората, Калина Гривчева – Старделова, поради многуте обвинувања во јавноста, излезе на прес – конференција, за, како што рече, да ги разјасни неразјаснетите делови од нивата работа и најави дека конечна одлука за случајот на родилката од Дебар, ќе донесе министерот за здравство.

„Поучени од практиката, членовите кои вршат стручни надзори имале притисоци од пациентите, од семејствата па и од колегите, затоа имињата се загарантирано безбедни. Потпис на извештајот става претседателот, кој ја бира комисија што го прави стручниот надзор за состојбата, за анализата дали е направено како што треба, врз основа на медицина базирана на докази“, рече претседателката Гривчева – Старделова.

Таа не соопшти детали од извештајот за стручниот надзор на родилката оти нејзе не ѝ биле достапни.

„Јас, како претседател на Комората, немам пристап до извештајот. Членови на Извршен одбор не се членови на комисијата. Не сум дел од работењето на таа комисија, не сум дел од ниту една комисија. Немам увид како претседател, немам слобода да читам документ. Постои Закон за права на пациенти, само одредена група може да ги разгледа и да донесе свое мислење околу редот на нештата. Извештајот се доставува до Министерство, до барателот на стручниот надзор и до установата во која е правен“, објасни претседателката Гривчева – Старделова.

Таа како доктор, иако не утврдувала ништо во конкретниот случај, укажа дека компликации при породување со царски рез се можни и може да има медицинска потреба да се извади матката. Потпретседателот на Комората, Илберт Бесими, објасни дека пациентите, пред да влезат на породување со царски рез, се предупредуваат за можни компликации.

„Во медицината постојат рани и касни компликации во секоја интервенција. Можни се неколку типа на компликации. Тука никој не може да предвиди ни да каже која од компликациите може да настане. И на најобичен лек има куп работи кои може да се појават како компликации. Можни се рани и касни компликации и тие му се предочуваат на секој пациент. Ова е генерално, како медицинска постапка“, рече потпретседателот Бесими.

Работењето на лекарот Мухамед Асани во Извршниот одбор на Лекарската комора е во мирување, додека се расчисти случајот со родилката од Дебар.

Министерот Венко Филипче најави дека конечниот став ќе го каже следната недела, по анализа на сите наоди што ги добиле.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Лекарска комора: Да не се создава слика дека сите лекари се манипуланти