Лекарска комора го осуди нападот врз лекарот

Од:

Лекарската комора го осуди насилството врз лекарот од скопската Клиника за токсикологија, кој вчера беше прободен со нож на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Го осудуваме насилството врз нашиот колега, без разлика од какви причини се случило. Што и да е проблемот, постојат многу други начини за да се реши. Насилството никогаш не е решение“, истакна доктор Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора.

Според неа, никакво насилство не треба да се толерира особено не врз доктори. „ Затоа и бевме со идеја и имаме соработка со Министерството за здравство и останатите комори да го спречиме насилството. Длабоко верувам во системот на оваа држава. Да оставиме институциите на системот да си го проследат понатаму сè ова околу овој немилиот настан“, додаде таа.

Лекарот вчера вечер околу 19.30 часот бил прободен со нож на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кога требало да дојде на дежурство. Непознато лице му нанело две убодни рани на 48-годишниот лекар од Слупчане, Кумановско. Повредениот е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќировски демантира дека нападот се случил за време на дежурството. Тој изрази жалење за настанот и посочи дека заедно со Гривчева Старделова во утринските часови го посетиле повредениот лекар на Клиниката за дигестивна хирургија, кој е во добра здравствена состојба и е надвор од животна опасност. Изрази надеж дека лекарот деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување.

„Настанот се случи пред почетокот на дежурството, а колегата бил на пат за доаѓање на дежурство. Бев известен во 19.25 часот за немилиот настан, а дежурството на колегата требаше да започне во 20 часот“, вели Беќаровски.

Поради континуираните напади на лекарската фела, се размислува, покрај клиничкото обезбедување, да се воведе обезбдувањ еи на Клиниката за токсикологија, кога за тоа ќе бидат обезбедени финансиски средства.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада