Лекарска комора: Анекс за продолжување на договорите со избраните лекари

Од:

На средбата што се одржа денеска во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Лекарската комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабараториите, што ќе се применува во наредните шест месеци, соопшти ЛК.

Во меѓувреме, преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.

На средбата, како што се наведува во соопштението на ЛК, со директорите на Фондот Данаил Дончев и Орхан Рамадани е договорено да се стави мораториум на договорните казни во овој период, освен за случаите кога со повредата е сторено кривично дело.

Работните групи ќе работат на дефинирање и начинот на спроведување на целите, со цел да се подигне нивото на превентивна здравствена заштита на населението во Македонија, казнената политика, различни поени по возрасни групи за одредени специјалности, дежурствата, контролите…, интенција ќе биде во овие групи да се вклучат и преставници од Министерството за здравство, со оглед што за некои од дадените иницијативи и предлози е потребно изменување на законите и подзаконските акти, се додава во соопштението.

ФЗОМ и овој пат истакна дека е подготвен низ дијалог да се дојде до најсоодветните решенија за осигурениците и избраните лекари.

На средбата Фондот за здравство понуди три можности, да се разгледуваат понудените предлог договори член по член, да се прифатат предлог договорите со важност од една година и во меѓувреме за тој период да се работи на сите отворени прашања и да се направи анекс за продолжување на постоечкиот договор за шест месеци.

Фондот за здравство и Лекарската комора ќе продолжат со вакви активности и во наредниот период и тие ќе се одвиваат транспарентно и за нив ќе биде информирана јавноста, се додава во соопштението на Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада