Лекарка од Струмица им продавала оправдувања на ученици

Од:

Лекарка од Струмица незаконски издавала медицински белешки на ученици и за тоа им наплаќала од 50 до 100 денари за еден ден отсуство, пренесе Макфакс.

Таа од 2010 до 2013 година издала 33 медицински белешки на ученици за извршени прегледи заради оправдување на отсуството од училиште и за истото им наплаќала од 50 до 100 денари за ден отсуство.

Евидентните броеви на белешките не се совпаѓале со броевите во медицинската документација што ја водела.

Против 64-годишната лекарка и нејзината приватна здравствена установа Медикус поднесена е кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!