Лекарите сите податоци и интервенции за пациентите ќе ги внесуваат електронски со што се заокружува интегрираниот здравствен информатички сиситем.
Денеска министерството за здравство презентираше 35 регистри на болести коишто се пополнуваат електронски и со нив се добиваат подацоти за состојбите во здравството.
Министерот за здравство, Никола Тодоров апелира до здравствените работници да ги внесуваат податоците во електронска форма. Електронското внесување е задолжително и за државните и за приватните здравствени установи.