Лекарите извојуваа победа

Од:

На вчерашната средба помеѓу докторите специјалисти и министерот за здравство Тодоров било договорено спорниот модел на Плаќање по успешност да биде ставен во мирување во наредните неколку месеци.

– Преговорите се движат по конструктивна линија. Постигната е согласност по многу точки, останува да се допрецизираат уште некои барања кои ќе бараме да се задоволат како износот на платите и посуштинска корекција на моделот. Проектот во наредните неколку месеци ќе тече во одредена форма и услови така што нема да има повеќе казни. Остануваат уште неколку моменти за кои ќе треба да се договориме, но очекувањата се позитивни и се надеваме на конечен договор во текот на наредната недела – изјави Дејан Ставриќ претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Ставриќ вели дека во последниот период и со започнувањето на преговорите, министерот Тодоров покажал флексибилност а со тоа и ќе се прекине штрајкот и здравството ќе излезе од ситуацијата во која се најде.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!