Лекарите го продолжуваат штрајкот

Од:

Докторите на Клинички го продолжуваат штрајкот што го почнаа вчера, велат од самостојниот синдикат.

„Не е точно дека нема штрајк. Штрајкуваат околу 1.400 доктори од кои околу 650 специјалисти во Клиничкиот центар во Скопје, 62 во Куманово, 60-тина во Струмица, 40 во Штип, во Битола над 100, Тетово над 100, во Гевгелија 20-тина и Кочани 27. Секаде е застапеноста над 95 проценти`, рече претседателот Дејан Ставриќ.

Во Клинчки се примаат само итните пациенти. На Хирургија, како што посочија, дневно се прават од 60 до 70 операции, а денеска само 15.

Според Ставриќ самостојниот синдикат, брои 6.000 членови и бидејќи сите доктори што штрајкуваат се членови на нивниот синдикат тие треба да го имаат мандатот за преговори.

Право да штрајкува има секој синдикат, вели претседателот и најави дека и утре ќе излезат за време на паузата.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!