Лекарите до Тодоров: Без притисок и уцени за време на штрајкот

Од:

Луѓето во бели мантили во среда од 7 и 30 наутро почнуваат штрајк. Од синдикатот информираат дека од 1.800 специјалисти колку што ги има во државава, 1.300 се потпишале дека го поддржуваат штрајкот.

Нема да попуштат се до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со министерот за здравство Никола Тодоров кој немаше, велат, слух за нивните барања. За него ова е политички мотивирана одлука.

Самостојниот синдикат на Kлинички центар укажува  дека Тодоров не изразил подготвеност за преговори, ниту за изготвување правила за работа во услови на штрајк.

Според синдикатот, доколку штрајкувачкиот одбор или штрајкувачите под било кој измислен изговор и спротивно на позитивните прописи биде подложен на притисок, санкционирање или претрпи штетна последица можно е во знак на револт самоиницијативно, солидарно комплетно  да го прекинат работниот процес.

„ Заканите што ги слушаме во последно време не само што е преседан за една демократска земја туку претставува и кривично дело, сите пациенти кои се затекнати во болниците ќе бидат лекувани, ниеден болен нема да му биде загрозен животот додека е во болница, но барањето на минситерот ние да работиме според неговите правила е нејасно зашто законот јасно препишува во услови на штрајк како се работи„, рече Милчо Пановски, од Самостојниот синдикат на лекари.

За време на штрајкот медицинските екипи ќе примаат само итни случаи, а сите други пациенти доколку немаат итна потреба од медицински услуги ќе бидат упатувани кон други здравствени установи.

Велат, и покрај огромниот револт нема да дозволат пациентите да бидат оштетени.

 

 

Би можело да ве интересира

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски