Лекари од Заводот за кардиоваскуларни заболувања – Охрид се едуцираа од областа на електро-стимулацијата

Од:

Во организација на Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид и реномираната компанија за медицинска технологии „Биотроник“ од Швајцарија се одржа едукативен настан за лекарите од заводот од областа на електро-стимулацијата.

Настанот вклучуваше едукативно предавање од оваа област од страна на експерти од „Биотроник“ и за прв пат во здравството во Охрид се одржа и тренинг курс на симулатори, со што лекарите од Заводот имаа можност да совладаат и научат некои современи вештини и техники од областа на електро-стимулацијата и кардијалниот пејсинг, информираат од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид.

Настанот е продолжение на едукативните активности под типот „hand on tutoril“, кој со години во разни области на интервентната кардиологија се организираат во оваа болница.

За средината на јуни од Заводот најавуваат организација на најголемиот едукативен настан од областа на интервентната кардиологија во Република Македонија, на кој ќе има учесници од Германија, Австрија, Бугарија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија.

Целиот настан ќе се емитува во живо директно од катетеризационата лабораторија. а ќе биде под покровителство и со поддршка на „Биотроник“ од Швајцарија.

Од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан од Охрид посочуваат дека во ваквите настани продолжуваат да одржуваат високо ниво на едуцираност на лекарите, воведување на нови технологии и процедури, како и продолжување на соработката со други реномирани здравствени установи од Европа, задржувајќи го местото лидер во својата дејност во регионот.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“