Лекари од кумановската болница на специјализација во Скопје

Од:

Од први септември годинава општата болница од Куманово ќе испрати шест лекари на специјализација во Скопје, од кои двајца на абдоменална хирургија, а по еден лекар на ортопедија, гинекологија, гастроенетрохепатологија и неврологија.

Како што информира директорот на болницата Ариф Латифи во текот на овој месец ќе биде распишан и интерен оглас за специјализација.

– Се надевам дека најмалку петмина кумановски лекари од оваа јавна здравствена установа ќе пројават интерес за специјализација. Станува збор за специјализации од интерна медицина, урологија и хирургија кои се мошне атрактивни за лекарите, вели Латифи.

Пред неколку месеци кумановската болница испрати неколку лекари на специјализаија по интерна медицина, педијатрија, психијатрија, патологија и гинекологија.

На ваков начин, обајснува Латифи, сукцесивно ќе се придонесе за намалување на недостигот на лекари специјалисти во општата болница Куманово. Во изминатиов период, додава, дел од лекарите заминаа во пензија, а други се транферираа во приватното здравство.

– Може да се каже дека во овој период најголема побарувачка за кадар има на гинеколгија, хирургија, интерна медицина и инфектологија, вели Латифи.

Општата болница до крајот на годинава ќе распише и конкурс за вработување на околу 20 здравствени работници.

– Со конкурсот покрај лекари се надеваме дека ќе вработиме и неколку рентген техничари, акушерки и медицински сестри, додава Латифи.

Со новите лекари специјалисти, според него, кумановската болница ќе функционира уште подобро и целосно ќе ги задоволи потребите на пациентите од општината, но и на пациентите од соседните општини од североисточниот регион. Општата болница Куманово ја покрива територијата на североисточниот дел со околу 200.000 жители.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски