Легализирани околу 50 отсто од дивоградбите во Штип

Од:

Во Општина Штип легализирани се околу 5.000 дивоградби од над 10.000 објекти за кои сопствениците поднеле барање.

Лазар Хаџи -Николов од Одделението за урбанизам при Општина Штип вели дека останатите барања се некомплетни, односно им недостасува геодетскиот елаборат.

Тој апелира граѓаните да ги комплетираат барањата со цел комисиите и администрацијата побрзо им ги легализираат објектите.

– Ги потсетуваме граѓаните кои досега немаат поднесено барања за легализација и на тарасите, а кои се пренаменити во станбен простор и сега можат да го сторат тоа, да дојдат кај нас и да поднесат барање, вели Хаџи- Николов.

Тој додава дека општинската администрација е брза и ефикасна за легализација на дивоградбите во Штип, бидејќи досега се легализирани околу 50 отсто од објектите.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му