Легализирани 8.362 дивоградби во Штип

Од:

Во Штип во трите изминати рока доставени се вкупно 13.106 барања за легализација на дивоградби, од коишто досега се решени 8.362, а во постапка се 4.072 предмета.

Драган Ристов од Општина Штип изјави дека на 2.829 предмети им недостасува геодетски елаборат, а останатите 1.243 предмети се одбиени по друга основа.

-Во тек е преглед на документација за уште 50 предмети, при што е утврдено дека исто така им недостасува геодетски елаборат и тие, исто така, ќе бидат одбиени. Само во 2018 година биле поднесени вкупно 1105 барања за легализација на дивоградби, вели Ристов.

Тој истакна дека на 31 декември 2018 година заврши рокот за доставување нови барања за легализација, но на истиот датум, исто така заврши и рокот за доставување на документите кои недостигаат, од кои најголем дел се однесуваше на геодетскиот елаборат.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му