Лефков: Заев воведува нов данок на сите горива и зголемување на цената за 4.13 денари, остана уште данок во крв да воведат

Од:

Зоран Заев воведува нов данок на сите горива и зголемување на цената за 4.13 денари на секое литро гориво, бензин и дизел. Тоа се 4.13 денари за кои трајно ќе се зголеми цената на горивата. Заев удира по народот, затоа што тој и неговите министри го испразнија буџетот и ја задолжија државата за дополнителни 2.4 милијарди евра. Сега со новата давачка Заев планира директно од џебот на народот на годишно ниво да собира нови 54 милиони евра рече на прес конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено за 1,2 денари е зголемена големопродажната маржа. За 1,4 денари е зголемена малопродажната маржа. За 0,25 денари се зголемени транспортни трошоци. За 3,00 денари е зголемена акцизата. За 0,54 денари е зголемено ДДВ. За 3,00 денари е зголемена акцизата по втор пат. За 0,54 денари е зголемено ДДВ исто така по втор пат во 4 години, поради зголемената основица. Плус на сето тоа новата такса од 3,5 денари за еколошка такса и 0,56 денари за ДДВ на новата цена, заради еколошката такса“ – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Поскапува дизелот

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал