За два денари поевтино гориво на повеќе бензински пумпи во државава

Од:

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА.

Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

Пред пет дена на 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА – Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите.

Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови.

Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар.

Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Нови цени на горивата, бензините поскапуваат

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

А1он

Нови цени на горивата

(ВИДЕО) Недостиг на гориво низ Русија, во Москва станува сè потешко да се најде бензин

А1он