Лефков: Вчерашниот протест чини многу помалку од еден ден крадење на владата на Ковачевски

Од:

На денешната прес-конференција, пратеникот Миле Лефков одговараше на новинарско прашање за обвинувањата од страна на власта дека вчерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ, бил премногу скап.

Лефков рече цената на чинење на протестот е неспоредлива во однос на еден ден на крадење на владата на Ковачевски. Тие две работи се неспоредливи затоа што не можат да се споредуваат со само еден ден криминалното работење на оваа влада.

– Тој протест драматично чини помалку од златните виљушки кои ги користи Ковачевски во владата. Тој драматично чини помалку од само ден крадење во РЕК Битола, чини помалку од еден распишан и спроведен тендер за ископ на јаглен на фамилијата и на кланот кои се на власт и поради која народот плаќа секој ден поскапа струја. Така да, протестот чини многу помалку од штетата која СДСМ и ДУИ ни ја прават секој ден. Овој протест е неминовност и е нужност за СДСМ и ДУИ да си заминат од власт и конечно народот да си ја земе државата во свои раце. Уште еднаш ќе кажам, да не се прават вакви споредби, нека се охрабрат, ајде да одиме на избори!, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ