Лефков: Васко Ковачевски од голтар преку функционер во енергетскиот сектор до милионер, со имот од 26 милиони

Од:

Доколку се погледне анкетниот лист на Васко Ковачевски, се доаѓа до логичниот заклучок дека пред 2019 година тој немал недвижен имот или автомобил на негово или име на неговата сопруга. Сето тоа се менува во 2019 година, која е година и кога Васко Ковачевски станува директор на АД ЕЛЕМ. Тоа е година во која Ковачевски се стекнува со два деловни простори во Битола, два стана во градот, двор и земјиште. Додека во 2020 година тој купува и џип од марката Сеат рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Во 2019 година Ковачевски се стекнува со деловен простор од 5 милиони и 900 илјади денари со вкупна површина од 318 м2 во Битола и уште еден деловен простор во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари со површина од 134 м2. Истата година Ковачевски се стекнал со два стана во Битола, едниот со површина од 110 м2 и вкупна вредност од 2.5 милиона денари и другиот со површина од 124 м2 во вредност од 4.5 милиони денари. Тој купил и недвижен имот за кој не навел дали е земјоделско или градежно земјиште во КО Диково во вкупна вредност од 1.5 милиони денари, а пријавил и двор од 1.700 м2, кој го стекнал исто така во 2019 година, и е во вредност од 1.4 милиони денари вели Лефков.

Тој дополнува и дека Ковачевски вози и џип Сеат Арона со година на производство 2020 година кое чини 22 илјади евра.

– Имотот кој што Ковачевски го стекнал од 2019 година до сега, а го пријавил во својот анкетен лист е со вредност од над 26 милиони денари, односно околу 450.000 евра. Иако Ковачевски во анкетниот лист навел дека имотот го стекнал по пат на наследство, сомнително е што тоа се случува во годината кога тој е избран за директор во АД ЕЛЕМ, каде доаѓа од позицијата генерален директор на РЕК Битола, од каде преку разни фирми Заеви црпеа пари преку милионски тендери рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси – Дали причината за пожарот на Модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев

Да си се среќава со Ахмети, Таравари и Апасиев му порача ВМРО-ДПМНЕ на Филипче кој инсистира на лидерска

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница

Катерина Ѓуровски