Лефков: Пендаровски откако ги потпишаа договорите тврдеше дека само што не сме влегле во ЕУ

Од:

Откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ. Стево Пендаровски ги убедуваше граѓаните дека тој и владата на СДС ги затвориле сите отворени прашања со соседите, и дека сега никој не не опструира, напротив ни помагале и Грција и Бугарија вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање. Неколку години подоцна Македонија е подалеку од ЕУ од кога било порано, а односите со Бугарија се полоши од времето за кое Пендаровски и СДС тврдеа дека биле лоши. Наместо напредок и отворање на преговорите со ЕУ, имаме нови барања и диктати. Наместо соработка на рамноправна основа, имаме асиметрични односи, во кои Македонија е страната која само дава, а ништо не добива. Политиката на веднење кичма на Пендаровски и СДС ја донесе Македонија во понижувачка позиција. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат