Лефков: Мафијата на власт спроведува операција „евакуација на капитал“, изведувачи се ослободени робијаши

Од:

Зоран Заев го напуштаат коалициските партнери, а дел од членството му откажува послушност. За да го спаси колку што може да се спаси Заев и мафијата ангажираат членови на подземјето да им ги врши работите на претстојните избори за да го ублажи поразот. Затоа робијаши и осудени криминалци се пуштени на слобода. Овие лица треба да заплашуваат, уценуваат и поткупуваат граѓани рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Според наши информации кои пристигаат од теренот пред три недели во еден хотел на југоистокот на Македонија тројца високи функционери на власта од кои еден непосредно одговорен за полицијата, другиот по потекло од тој крај со прочуен брат и третиот познат криминалец договарале ослободување на робијаши од затвор. Овој пат задачата била одбран дел од ослободените криминалци да спроведат специјална операција – „евакуација на капитал“. Имено пред се поизвесниот пораз на претстојните избори, мафијата е во обид да ги заштити своите бизниси, а криминалците добиле насоки да им помагаат при евакуацијата на капиталот. Според информациите црни вреќи со пари излегуваат од државата со крајна цел оф шор земји, па дури се споменуваат и прекуокеански дестинации“ – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ