Лефков: Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка

Од:

„Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка. Талат Џафери влезе во правни гимнастики и испокрши Деловник за работа на Собранието, Закон за рефеењндум и Устав, само за са му помогне на Ковачевски за да ја спаси фотелјата за некој месец“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Џафери според чл. 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието, не е овластен да го отфрли барањето, туку истото требаше да го проследи до претседателот на Законодавно правната комисија и до Комисијата за политички систем.

Со отфрлањето е прекршен и чл. 26 од Законот за референдум, бидејќи според истиот предмет на референдум може да бидат и меѓународни договори, кои се ратификувани како закони во Македонија.

И на крај Џафери го прекрши Уставот, кој го дозволува референдумот, како врвна демократска алатка.

Талат Џафери помина низ сета оваа правна гимнастика и без правна основа го отфрли барањето, за да го спаси Ковачевски од дебакл. Бидејќи според нашите истражувања над 60% од Македонците ќе излезеа на референдум. И најголем број од нив ќе гласаа за поништување на договорот.

Ковачевски се исплаши дека ќе му пропадне договорот, кој жестоко го бранеше, а потоа и дека и самиот тој ќе мора да си поднесе оставка и замина.

Ковачевски можеби избега од референдум, но неговите денови во владата се броени, тој ќе биде жестоко поразен на наредните предвремени парламентарни избори“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ