Лефков: Ковачевски да не се крие зад Ахмети, Османи и Груби, да излезе и да каже кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа

Од:

„Димитар Ковачевски да не се крие зад Ахмети, Османи и Груби, да излезе и да каже кој од двата предлога кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ за него е прифатлив. Доколку Ковачевски не се изјасни кој од двата предлога за него е прифатлив, нема потреба од никакви понатамошни разговори, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Ковачевски се изјасни и прифати еден од двата предлога, тогаш следен чекор е нова лидерска средба.

Без да има конкретен одговор, ВМРО-ДПМНЕ не мрда со прст. Предлозите се јасни. Првиот предлог опфаќа формирање на преодна влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство, а вториот предлог предвидува брзи избори оваа есен, а потоа идната опозиција да ја поддржи власта во барање на гаранции од институциите на ЕУ за македонскиот многувековен идентитет, барање на финансиска помош од ЕК и барање Бугарија да имплементира барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците.

И двата предлога значат забрзана интеграција, со заштитен идентитет.

Со евентуално неприфаќање на еден од двата предлога, СДС ќе покажат и докажат дека тие не се за ЕУ, туку за власт со ДУИ, за да продолжат да прават криминал уште некој месец повеќе.

Време е СДС да се одлучи. Ајде Ковачевски охрабри се. Не се плаши од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е гарант и за патот кон ЕУ и за Македонските интереси“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче