Лефков: Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма 4 години работи со загуба

Од:

Дуќанот на улица Македонија од 127м2 сопственост на Ветон Груби е со вредност од половина милион евра. Од каде пари за купување на истиот, особено ако се земе податокот дека фирмата на Груби ЕТЦ Травел со години работи со загуби. Според податоците од Централниот регистар, фирмата на Ветон Груби во период од 2016 до 2020 година има загуба од нешто под 100.000 денари. Во овој период фирмата на Груби де факто е недоходовна за нејзиниот сопственик и истиот е во минус од работењето рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Во 2016 година загубата е 540.000 денари, а во 2017, 2018 и 2019, фирмата работи со добивка од 1 милион 640 илјади денари, 75 илјади денари и 286 илјади денари, за во 2020 година да заврши со загуба од 1 милион и 555 илјади денари, односно збирно, за 4 години фирмата нема генерирано добивка, туку е во минус од 100 илјади денари. Како фирма која во период од 4 години не само што нема добивка, туку е и во минус, може да добие кредит како што самите велат во соопштение за купување на деловен простор кој вреди половина милион евра?Како фирмата на Груби ја гарантирала својата солвентност пред банката од која земале кредит, како што самите велат, кога имаат пад на приходи од 73% и пад на бројот на вработени за 16% рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција