Лефков: Бисера со службената картичка во Виена изнајмила трособен стан од 1200 евра, нејасна е и целта на патувањето

Од:

Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само 4 дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Имено од 07.12.2023 година до 11.12.2023 година, Бисера Антоанета сама престојувала во Виена, со неа немало придружба од Министерството за култура или владата. Бисера Антоанета во Виена се осеќала како вистинска кралица. Наместо да изнајми хотелска соба, таа со службената картичка со народни пари изнајмила трособен стан од 70м2 во центарот на Виена веднаш до Палата Кобург, Виенската Опера, најелитните хотели и седиштето на ОПЕК. Стан од 70м2 е стан во кој во Македонија живеат четиричлени семејства. Во Виена Бисера Антоанета си го приуштила тоа задоволство сама на себе. За само 4 ноќи Бисера Антоанета платила 1213 евра или 74.599 илјади денари за трособниот стан. И тоа кога во непосредна близина каде што била сместена има елитни хотели каде ноќевање со доручек чини 9000 денари, а хотел со нормални карактеристики може да се најде и за 6000 денари. Бисера Антоанета уживала 4 ноќи во трособен стан со поглед на Виенскиот парк. За да отпатува во Виена Бисера Антоанета си купила повратна авионска карта од Охрид до Виена за 385 евра кои ги платила првo приватно, а потоа од Министерството за култура ги подигнала парите во кеш, како репрезентација, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат