Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

Од:

Бисера Антоанета одела од крајност во крајност. Од резервирање на авионски карти кои никогаш не ги искористила, а ги платила со народни пари, до ненавремено планирање на патувања, за кои потоа морала да ангажира владин авион да ја носи. Како навлегуваме во материјалите и раскалашеноста на Бисера Антоанета сфаќаме зошто државата е ограбена и зошто СДС всушност се бореле по секоја цена да останат на власт, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бисера Антоанета живеела во раскош. Таа ангажирала владин авион да ја носи до Цетиње во Црна Гора на настан. Имено за свои потреби министерката за култура поради ненавремено планирање на однапред дефинирана конференција во Цетиње, Црна Гора или од други побуди на 14.12.2022 испраќа допис до СОЗР за користење на владиниот авион за да на 16.12.2022 година да стигне во Црна Гора и за таа намена платила фактура кон СОЗР во износ од 102.347 илјади денари или 1664 евра.

Како е можно Бисера Антоанета и нејзиниот кабинет да немале време да го испланираат патувањето, кога поканата во нејзиниот кабинет стасала на 02.12.2022 година. А таа реагирала дури 12 дена подоцна. Што правела Антоанета 12 дена, дали чекала да дојде период од 2 дена пред настан за да има оправдување да лета со владиониот авион? Зошто наместо со владин авион Бисера Антоанета не заминала на службен пат во Црна Гора службено возило? Патувањето со службено возило е далеку поекономично, а со оглед на тоа дека се работи за кратка дестинација, не одзема ниту време. Бисера Антоанета мора да одговори дали чекала да поминат 12 дена од пристигање на поканаата за да може да побара од СОЗР да го користи владиниот авион 5 до 12, и тоа само од лични побуди? Дали државата била жртва на личните каприци на Бисера Антоанета – вели Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат