ЛДП: Во стилот „Џандар збира“ Талески собира арач

Од:

ЛДП укажува дека ВМРО – ДПМНЕ преку нивните скапи реклами, кои ги плаќаат со пари на граѓаните, сакаат да прикажат дека се грижат за нив и дека го подобруваат нивниот животен стандард. А во реалност, велат, фактите се други.

„ДПМНЕ и градоначалникот Талески владеат во стилот на познатата играсо карти „џандар збира“. Тие сакаат да им го земат и последниот денар како на фирмите така и на граѓаните.ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Талески ги поскапеа сметките за Комуналец за 20%.Ја поскапеа водата за 80%.Следните сметки од Нискоградба што ќе ги добијат граѓаните ќе бидат повисоки за скоро 100%.Го поскапеа сместувањето на старите и немоќни лица во старскиот дом за 60%“, изјави на прес конференција потпретседателот на огранокот на ЛДП во Битола, Александар Касапов.

Талески и ВМРО–ДПМНЕ, рече, воведоа паркинг со плаќање од 21 ноември.

„Овој датум има и една симболика. На 21 ноември е големиот христијански празник Архангел Михаил. Според верувањето на народот Архангел Михаил им ја зема душата на луѓето.Бидејкќи Талески и ВМРО – ДПМНЕ ги зголемија сметките за Комуналец, ја зголемија цената на водата, ги зголемија сметките за сместување во старски дом, ја зголемија цената за канализација, воведоа паркинг со плаќање итн, всушност тие за битолчани се Архангел Михаил“, рече Касапов.

 

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски