ЛДП: Криењето на информациите за „Скопје 2014“ е кривично дело

Од:

ЛДП реагира на невидената леснотија со која Владата на премиерот Груевски ги троши народните пари и безмилосно го ограбува веќе крајно осиромашениот народ.

Вчера, велат, е објавена информацијата дека ќе се потрошат дополнителни 1,3 милиони евра за довршување на Стариот театар, објект кој претставува дел од владиниот проект „Скопје 2014“.

Според првичната најава, изградбата на театарот требаше да чини 6 милиони евра, но со потпишувањето на  десетина договори и двојно повеќе анекси, цената достигна фрапантни 30 милиони евра, или пет пати повеќе од  најавените средства, велат од ЛДП.

Укажуваат дека дрското криење на информациите за реалното чинење на целиот проектот „Скопје 2014“, за кој исто така дополнително се потпишани  многубројни договори и анкеси, па јавноста нема јасна слика колку пари се потрошени,  се повеќе го разгорува сомнежот дека токму овој мегаломански  проект претставува најголемата  пералница на пари.

„Според добиените информации, досега за овој проект се потрошени над 500 милиони евра, иако на граѓаните им беше најавено дека сумата нема да изнесува повеќе од 80 милиони евра.ЛДП ја потсетува Владата дека, освен моралната, таа има  законска обврска да ја информира јавноста за тоа како, за што и колку се трошат народните пари, и дека криењето на такви и слични информации претставува кривично дело“, стои во реакцијата на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство