ЛДП: Зврлевски да не се крие, зошто „Државата е пред се“

Од:

Додека целокупната македонска јавност е згрозена по обелоденувањето на скандалот во кој главен актер е Груевски, целосен молк во провладините медиуми и јавниот сервис за кој, патем, народот издвојува од своите скромни месечни примања. За жал, иако законска обврска на сите телевизии со национална концесија е да ги објавуваат мислењата и ставовите на политичките партии, многу од нив заборавија и на законот и на новинарската етика, реагираат од ЛДП.

Должност и обврска на Јавниот обвинител е да ги штити интересите на Државата, а нели „Државата е пред се” па затоа недолично е Зврлевски да се крие зад недоветни изјави дека не можел да ги троши ресурсите за нешто што, според него, не било доволно сериозно. Прашуваме, ако мито од 1,5 милиони евра и прикривање на данок од 225 илјади евра е несериозно, тогаш, што за Зврлевски е доволно сериозно за да си ја обавува функцијата за која е платен со парите од народот?

Овој срамен чин кој сериозно го разниша митот за чесноста на Груевски, може да го премолчуваат нему блиските медиуми, МВР може да не постапува по Уставот и Законите, може и Зврлевски да се прави недоветен. Груевски, пак, може да се крие зад недостојни изјави полни со омраза и навреди, дури и во очај да ги бара гласовите од членовите на СДСМ, кои до вчера ги омаловажуваше, може да очекува дека подјарменото судство ќе направи се’ за да му ја врати изгубената чест, но едно е јасно, не може да го избегне судот на осиромашениот, ограбен народ кој многу брзо, на 27 април, на денот на изборите ќе му ја испорача сметката, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните добиваат моќ:,Владата ја прифаќа нашата иницијатива за референдумско отповикување

Почина Филип Аврамчев

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ